Mi Vacuum Cleaner Mini - преносна правосмукалка

Запознајте се со една од најдобрите алатки за чистење на вашиот автомобил, кауч, фотеља и други делови од мебелот на кои се таложи прашина.

Правосмукалката е практична за чистење на сите потешко достапни места, со 2 продолжетоци може да ја користите за чистење на сите агли во домот, како и сите потесни места и агли во автомобилот.

Со помош на големиот сад за прашина од 100 мл, ќе ви овозможи одлично вшмукување на сите поситни и покрупни трошки, остатоци и слично. Може да изберете помеѓу две брзини на чистење и така да го прилагодите чистењето на потребата.

Mi Vacuum Cleaner Mini е посебно дизајнирана за лесно да се пренесува и користи. Ергономската рачка ќе ви го олесни ракувањето.

Освен тоа, производот содржи циклонска технологија со моќ на вшмукување од 13000 Pa. Со оглед на неговата мала тежина и големина, навистина ќе ве изненади со моќта со која чисти.

Една од најдобрите карактеристики е тоа што може да ја понесете со себе каде и да посакате. Поради тоа, истата е опремена со батерија од 2000mAh која овозможува автономија до 30 минути при стандарден начин на работа.

При подесен максимален начин на работа, автономијата на батеријата достигнува до 9 минути.

000382
2 производи

Технички податоци

Боја
Бела
Модел
Mi Vacuum Cleaner Mini
Напредни функции
120W, моќ на вшмукување 13000 Pa, 8800 вртежи/мин, батерија 2000mAh
Димензии
267мм x 55мм x 55мм
Тежина
0.5кг
Батерија
2000mAh, адаптер со USB-C влез
Гаранција
1 година

Нема рецензии во овој момент.

други производи

11 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.