Листа на производи од бренд Allga San

Парасофтин - чорапи за пилинг на стапала

Цена 367 ден
997 На залиха

Чорапите Парасофтин претставуваат иновативно решение за ефикасна нега на кожата на стапалата. Во зависност од степенот на оштетување на стапалата, активните состојки продираат длабоко и го омекнуваат здебелениот површински слој на кожата. Комплексот од растителни екстракти, уреа и алантоин ја хидрира сувата кожа, ја помага регенерација и има ефект на мазнење и омекнување. AHA и BHA киселините го стимулираат процесот на обнова и ефикасна регенерација на кожата. Внимателно избраните состојки обезбедуваат интензивна хидратација на нозете, давајќи им мазен, чист и префинет изглед со видлив ефект после 7 дена од употребата.

Allga San - тоник за масажа

Цена 273 ден
1000 На залиха

Allga San тоникот за масажа е природен производ со единствена формула на активни материи (етеричното масло од алгојскиот планински бор, рузмарин, жалфија, камфор и ментол). Ефикасно ги поттикнува циркулацијата во кожата и мускулите, ослободувањето на природниот кортизон, со што значително го намалува воспалението и ја отстранува болката. Има долготраен ефект врз прокрвеноста и мускулната издржливост.

Allga San repair cream - крем за нега на пети

Цена 262 ден
1000 На залиха

Allga San Repair cream, крем за испукани пети содржи етерично масло од алгојскиот планински бор, со додаток на ланолин, терпентин, алантоин и бисаболол. Се користи за интензивна нега на екстремно сува и испукана кожа, така што ја зголемува еластичноста на кожата и и’ ја враќа заштитната функција. Со редовна употреба исчезнуваат болните пукнатини и воспаленија на кожата на стапалата, а тврдите делови стануваат повторно меки и еластични. Посебно погоден и за дијабетичари.

Allga San Арника - гел за масажа против болка и...

Цена 315 ден
980 На залиха

Allga San арника гелот продира длабоко во кожата ја намалува напнатоста и болките. Се користи кај контузија, тапи повреди, истегнувања и исчашувања. Помага при повреди на мускулите, тетивите и зглобовите. Ги намалува отоците и ги лади болните места. Погоден е за спортска масажа на вкочаните мускули и зглобови. Брзо се впива и не ја масти кожата.

Allga San Mobil гел интензив - за подобра...

Цена 359 ден
1000 На залиха

Специјална козметика за зглобови и мускули, особено препорачана за спортисти и луѓе кои водат активен живот. Комплетен производ за секојдневна нега по напорен тренинг, а помага и за подобра подвижност при вкочанетост на грбот. Содржи оригинално етерично масло од алгојски планински бор, екстракт од гавез и пантенол, етерично масло од рузмарин и жалфија, екстракт од арника и камфор.

Allga San Mobil крем - Загревачки регенеративен...

Цена 315 ден
1000 На залиха

Специјална козметика за подобра подвижност и за ублажување на болките. Кремот е наменет и за заболени од ревматоиден артритис и останати видови воспаленија на зглобовите и за сите оние што страдаат од хронични неспецифични болки во зглобовите и мускулите.

Allga San акут Спазмус маст - против спазми и...

Цена 394 ден
1000 На залиха

Allga San акут Спазмус претставува специјална маст за масажа со интензивнo дејство и се применува при спазми и напнатост во мускулите. Allga San акут Спазмус содржи моќен комплекс од прецизно одбрани состојки и екстракти кои брзо делуваат на заболеното место намалувајќи ги болките и ги враќаат удобноста и леснотијата.

Allga San акут Гену - специјална маст за колено

Цена 325 ден
1000 На залиха

Опуштете ги Вашите колена и зглобови со специјалната маст за благотворна масажа на колена Allga San акут Гену.

Allga San акут Гену е специјална маст за колено која ги негува и опушта затегнатите мускули и зглобови со масажа, предизвикувајќи ефект на загревање и пријатно чувство на олеснување. Истовремено ја негува кожата и го подобрува телесното здравје.

Производот е додаен за споредба.