Xiaomi Mi Air Purifier 3C - Прочистувач на воздух

Xiaomi Mi Air 3C овозможува прочистување од 106 м2/ч со што вашата просторија за кратко време ќе биде исполнета со свеж и чист воздух.

HEPA филтерот ефикасно отстранува 99,97% од штетните материи во воздухот. Јадрото на филтерот се состои од комбинација на три слоеви – примарен филтер, HEPA филтер и висококвалитетн активен јаглен. Примарниот филтер ефикасно ја отстранува прашината, ситните и покрупните честички во воздухот. HEPA филтерот ги филтрира честичките кои може да се вдишат, ефикасно елиминирајќи дури 99,97% од честичките еднакви или поголеми од 0,3 μm. Активниот јаглен го апсобира формалдехидот, штетните честички кои кружат во воздухот а исто така и ги отстранува и непријатните миризби.

На LED екранот може да го проверите и квалитетот на воздухот. Високо прецизните ласерски сензори овозможуваат моментално и прецизно мониторирање на квалитетот на воздухот во затворен простор. Екранот прикажува исто така и прецизни информации во реално време за вредноста на PM2,5, Wi-Fi статус и начинот на работа.

Имате можност да одберете и начин на работа - автоматски, начин на мирување, омилен начин. Подесете "Автоматски начин" за автоматско подесување на брзината на прочистување како и за заштеда на електрична енергија. Изберете рачно едно од трите светла на екранот – многу светло, слабо светло и секогаш вклучено, со цел на најдобар начин да го прилагодите прочистувачот на амбиентот во собата.

Користете го смартфонот како далечинско за вклучување, исклучување и пратење на квалитетот на воздухот во домот во било кое време преку апликацијата Home.

Производот поддржува Google Assistant / Alexa за уште поедноставно управување со истиот.

Јачината на звукот не изнесува повеќе од 31 dB и со тоа не пречи никому.

000337
10 производи

Технички податоци

Боја
Бела
Модел
3C
Дисплеј
LED
Напредни функции
Google Assistant и Alexa
Моќ
29W
Гаранција
1 година

Нема рецензии во овој момент.

други производи

10 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.