• -1 000 ден

Новиот прочистувач на воздух Xiaomi Mi Air Purifier PRO, со иновативен систем, идеален е за здрав и свеж воздух во секое време и за цело семејство.

Се карактеризира со компактен и минималистички дизајн. Прочистувачот може да прочисти воздух на површини од 60 м² и количина на воздух од 500 м³ на час. Производот е тестиран и поседува сертификат од Катедрата за Индустриска Микробилогија од Гуангзу.

Системот за филтрација составен е од 3 слоја и успева да го прочисти воздухот од непријатните миризби, прашината, потешки метали и сета друга нечистотија присутна во воздухот, до 99,9%.

Опремен е со сензори кои во реално време го мерат нивото на чистина на воздухот, а присутни се и светлосни индикатори на самиот екран – зелен, жолт и црвен. На екранот се прикажува и нивото на влажност на воздухот и температурата во самата просторија. Згора на тоа, светлината може да се адаптира на осветлувањето во вашиот дом така што нема да ви пречи ниту навечер додека спиете.

Секако, тука е и опцијата за контрола на работата на прочистувачот преку апликацијата Mi Home. Инсталирајте ја на вашиот смартфон и управувајте со Mi Air Purifier Pro и кога не сте дома. Со нејзина помош може да го менувате начинот на чистење, да го подесувате времето за почеток на прочистувањето или пак да ги проверувате постигнатите резултати од циклусот на прочистување. Може да го вклучите прочистувачот додека се враќате од работа или слично за кога ќе влезете дома, да наидете на свеж и чист воздух.

Неговите димензии ви дозволуваат лесно да го пренесувате од една во друга просторија, а погоден е и за помали простории.

353003

Технички податоци

Боја
Бела
Модел
Mi Air Purifier Pro
Поврзување
преку WiFi со Mi Home апликација
Димензии
735мм x 260мм x 260мм
Тежина
9,7 кг.
Гаранција
2 години

Нема рецензии во овој момент.

други производи

5 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.