Вшмукувачка моќ од 3000Pa, суво и влажно чистење, голем капацитет на батерија од 5200mAh | Испорака од магацин во Македонија | Брза достава | 1 година гаранција
Пристигна новата роботска правосмукалка Dreame D9, дел од Xiaomi еко-системот.
D9 е 2во1 модел кој освен вшмукување нуди и функција на џогер.
Се карактеризира со одлична вшмукувачка моќ од 3000Pa. За што понапредно движење и снаоѓање во просторот, опремен е со нов 3,0 LDS ласерски сензор. За подобра навигација, тука е и SLAM алгоритмот. Со цел што поквалитетно да го исчисти просторот, роботот е опремен со сад за прашина со капацитет од 570 мл и сад за вода со капацитет од 270мл. Што значи дека со само едно полнење на резервоарот за вода, роботот ќе исчисти до 200 квадратни метри.
На апликацијата може да го подесите интензитетот на пренос на вода (3 достапни начини). Со помош на апликацијата планирајте го следното чистење и кога не сте дома. Во зависност од вашата потреба и желба, може да изберете еден од неколкуте начини на чистење или пак да изберете комбинирано чистење(суво и водено).
Без никакви потешкотии може да ги исчисти остатоците од храна, влакна или трошки од вашите теписи, а без проблем ќе ги совлада и сите препреки со висина до 2цм. Згора на тоа, автоматски го препознава тепихот и веднаш ја зголемува моќта на вшмукување. Големиот капацитет на батеријата од 5200 mAh ќе овозможи роботот со едно полнење да помине површина од околу 250 квадратни метри. Во превод би значело дека со едно полнење времетраењето на батеријата изнесува 150 минути.
Предноста на D9 роботската правосмукалка е сигурно во тоа што поседува технологија за напредно мапирање на просторот.
Може да изработи мапи за дури 3 посебни катови, а може исто така да ги препознае собите и да ги оддели во посебни целини со цел да можете да изберете чистење на одредени соби во домот.
Технички податоци
Специфични референци
Нема рецензии во моментов