Proscenic M7 Pro Роботска правосмукалка + база за самостојно празнење на отпад

Ви претставуваме еден од најновите модели на роботски правосмукалки - Proscenic M7 Pro. Совршен за одржување врвна хигиена во домот со минимален ангажман од ваша страна. Опремен е со голем резервоар за вода и прашина, а вие може да изберете помеѓу начин суво чистење, миење на подот или и двете функции истовремено.

Доволно е само да го припремите резервоарот за вода и да ја намокрите крпата за да може да ја користите функцијата на миење на подот.

Станица за автоматско празнење 

Станува збор за можеби една од најдобрите иновации од областа на роботските правосмукалки. Автоматското елиминирање на прашината и нечистотијата ќе овозможи целосно да заборавите на чистењето. Нема потреба да се грижите дали ќе успеете по секое чистење да го испразните резервоарот бидејќи со помош на оваа станица, роботот самостојно ќе го направи тоа.

Иновативна ласерска технологија и мапирање на просторот

Усовршениот 4. 0 ласерски навигациски состав на интелигентен начин ќе направи мапа од вашиот дом и со тоа ќе го олесни движењето на роботот. Роботот ќе изработи мапа на вашиот дом и тоа во реално време, а потоа ќе го избере и најефикасниот пат на чистење. Го мапира и скенира домот во повеќе насоки, а ќе се запознае и со обликот на просторот со цел полесно да ги извршува своите функции.

Опремен е со 24 сензори со чија помош без потешкотии ќе се снајде и во посложен простор. Доколку имате куќа на повеќе катови, не грижете се за тоа дали роботот при чистење на вториот кат ќе ја избрише мапата од првиот. Со помош на ProscenicHome апликацијата, M7 Pro може да зачува неколку мапи.

Селективно чистење

Можноста за селективно чистење ви овозможува контрола врз движењето на роботот - сами може да изберете каде ќе оди, а каде нема. Со помош на апликацијата ProscenicHome имате можност да го одберете начинот на чистење, да закажете чистење, да одберете чистење на одредени соби, да креирате виртуелни забранети зони, да поставите зони за чистење и слично. За време на чистењето, вашиот дом ќе биде поделен на повеќе простории, а вие може да одберете дали сакате роботот да исчисти само една, точно одредена соба или ќе исчисти повеќе простории. Можете исто така, да закажете и различно време на чистење на различни соби. На апликацијата може да обележите забранети зони на местата на кои не сакате роботот да исчисти. За еден циклус на чистење може да одберете до 10 забранети зони.

Моќно вшмукување

Моторот без четкици му овозможува на роботот M7 Pro максимална моќ на вшмукување од 2600Pa со чија помош без посебен напор ќе се елиминираат влакната од домашното милениче, нечистотијата и ситната прашина.

Литиумска батерија од 5200mAh

Моќната батерија овозможува автономија до 150 минути, што е сосема доволно за чистење на простор до 250-300 метри квадратни. Роботот автоматски ќе се наполни кога батеријата ќе се испразне при чистењето.

Автоматско зголемување на моќноста при допир со тепих

M7 Pro лесно ќе премине од под на тепих. Кога тепихот ќе биде препознаен од страна на роботот, истиот автоматски ќе ја зголеми моќта на вшмукување на максимум со цел да го исчисти најдобро што може.

369671

Технички податоци

Боја
Црна
Модел
M7 PRO
Функции
Капацитет на сад за прашина: 600мл, капацитет на сад за вода: 110мл
Напредни функции
2600Pa, суво и водено чистење, Alexa/Google Assistant
Димензии
33 x 33 x 7.6цм, 2,8кг
Пакетот содржи
1 x M7 Pro робот, 1 x крпа, 1 x далечинско, 1 x адаптер, 1 x батерија, 1 x резервоар за прашина, 1 x сад за вода, 1 x база за полнење
Гаранција
2 години

Нема рецензии во овој момент.

други производи

16 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.