


2K, 1600P HD dash cam, 2560 x 1600p, G-сензор | Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава | 2 години гаранција
1600P HD паметната камера на Xiaomi 70mai Midrive D04 со резолуција 2560x1600P ќе ви овозможи дополнителна сигурност вас и на вашиот автомобил. Со помош на вградената технологија и G-сензор, 70mai D04 камерата може автоматски да го започне снимањето кога ќе детектира можност за судир. Снимката ќе биде заклучена во датотека на случки и е одвоена од вообичаените датотеки со цел да се избегне нејзино бришење.
G-сензорот го придвижува G-сила – како на пример удар или нагло кочење. Секогаш кога ќе се детектира такво нешто, камерата автоматски ќе го сними и зачува. Додека вашиот автомобил е паркиран, 70mai D04 влегува во начин "спиење", но го задржува 24 часовниот надзор на автомобилот.
Камерата ефикасно ги зачувува сите податоци и автоматски ги заменува најстарите со најновите, со исклучок на снимените судири и слично, кои се зачувуваат посебно. За да овозможи подобра снимка во лоши услови, D04 користи WDR технологија која се прилагодува на ситуацијата. Така камерата и во темнина ќе фати доволно детали и ќе овозможи јасен и чист преглед на снимките. Исто така, алгоритмот за одмаглување може ефикасно да ја намали деградацијата на сликите и да репродуцира јасен приказ за време на возењето и во магла или чад.
Камера: Широк агол на снимање од 140°.
Објектив: SONY IMX335, Широкоаголна леќа од 140º f / 1,8
Резолуција: 2560 x 1600 30 fps
Видео и фото формат: MP4, H.264
Технички податоци
Специфични референци
Нема рецензии во моментов