По масажата со втривање, брзо се впива и длабоко продира. Не масти и не ја суши кожата. Природно ја совладува болката, без штетни последици и нуспојави, поседува хипоалерген сертификат. Особено поволно делува при ревматски тегоби, нарушувања на периферната циркулација, спортски повреди и ноќни грчеви во листовите.

Посебно е пријатен за кожата благодарејќи на рузмаринот кој ја тонизира и жалфијата која делува благо антисептично. Дивото нане и камфорот дополнително ослободуваат од болка.

Пакување: 100 мл

Начин на употреба:

Тоникот да се нанесе на болните места и благо да се втрие односно да се измасира. Како превентива од грчеви пред спиење и превентива од воспалени мускули пред напорен тренинг.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Во случај на преосетливост на која било состојка, да се прекине со употреба. Да не се применува кај доенчиња, мали деца, кај отворени рани и воспаленија на кожата. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

ALGASA02
1000 производи

Нема рецензии во овој момент.

други производи

7 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.