







Паметен фитнес веслач со Bluetooth поврзување, држач за смартфон/таблет, лесно склопување и складирање, тркалца за лесен пренос | Испорака од магацин во Македонија | Брза достава | 1 година гаранција
Најновиот производ од Kingsmith серијата фитнес производи!
Фитнес веслачот возможува ефикасен тренинг во удобноста на вашиот дом. Иновативниот дизајн овозможува да го преклопите дури три пати, а потоа да го користите и како помошна масичка.
Опремен е со две тркалца со чија помош лесно ќе го пренесете од едно до друго место. Не зафаќа голема површина и одлично се вклопува во ентериерот бидејќи страничните делови се од дрвена конструкција.
Со помош на фитнес веслачот зголемете ја вашата издржливост, физичка сила и подготвеност. Вежбајте го секој дел од вашето тело како рамена, гради, стомачен дел, бутови и слично.
На предниот дел од веслачот поставен е држач за вашиот мобилен телефон или таблет, така што при вежбање може да уживате во вашата омилена музика или видео содржина.
Рачките на веслачот се обложени со нелизгачки материјал кој ја впива потта, а воедно дава удобно чувство на дланките и не предизвикува несакани рани при користење.
Kingsmith WR1 е опремен со шини кои овозможуваат нежно и тивко работење. Преку Bluetooth може да го поврзете на апликацијата KS Fit и да го следите вашиот напредок и постигнатите резултати. Ќе добивате податоци како што се брзина, согорени калории, број на извлекувања во минута, времетраење на тренинг и слично.
Димензии на отворен веслач: 1940x500x580мм
Димензии на преклопен веслач: 680x500x580мм
Може да издржи максимална тежина до 120 килограми, а самиот производ тежи 30 килограми.
Технички податоци
Специфични референци
Нема рецензии во моментов