• -5 116 ден

Xiaomi Mi Smart TV 4S UHD 4K 55''

Новиот Xiaomi Mi TV 55-инчен 4K UltraHD Android Smart телевизор е специјално дизајниран за љубителите на висококвалитетни аудиовизуелни содржини. Гледај ги омилените серии и програми во 4K ултра висока дефиниција.

Може да се пофали со гласовни и интерактивни можности за користење на интернет услуги. Далечинскиот управувач со само 12 копчиња е лесен и интуитивен за употреба. Интегрира гласовни команди што овозможуваат контрола на било кој домашен уред компактибилен со Google Assistant, како на пример намалување на светло, поставување тајмер во текот на филмските маратони и многу други смарт опции.


Телевизорот интегрира систем Patch Wall кој нуди 700,000+ часови забава. Во исто време, ги анализира движењата и навиките на корисниците и гради содржински модули врз основа на претходните употреби. Важна предност на Xiaomi Mi TV е употребата на Android TV, што ви овозможува инсталирање разни апликации и игри од Google Play Store.


Поддршката на Chromecast овозможува испраќање содржини директно од мобилни уреди и нивно проектирање на Xiaomi Mi TV.

Озвучувањето Dolby Digital нуди кинематски квалитет со којшто се доловува беспрекорно кристален звук. Без разлика дали се работи за филмови, ТВ-емисии, видеа или концерти, Dolby Audio испорачува аудио квалитет кој ги исполнува дури и најголемите очекувања.


HDR Plus е нов видео стандард кој нуди нова димензија на видеата со засилени бои и контраст. Долови ги најмалите детали и уживај во резолуцијата 3840х2160.

Интерфејсите се наоѓаат на задниот дел од тлевизорот и интегрира 3 HDMI влезови (еден е со поддршка ARC) и 3 USB порти, кабелски приклучок Етернет, 4 порти за RCA за поврзување на аналогни уреди и влез за антена. Вклучува Bluetooth 4.2 и Wi-Fi 2.4G и 5G.




000092

Технички податоци

Боја
Црна
Модел
L55M5-5ARU
Оперативен систем
Android TV (Android 9)
CPU
CA55 64-bit-quad-core
GPU
Mali 470 MP3
RAM
2GB
ROM
8GB
Дисплеј
Ultra HD 4K (3840 × 2160) 60 Hz
Поврзување
3 HDMI, 3 USB, Wifi 2.4G&5G, Ethernet 100MB, Bluetooth 4.2
Функции
Поддржува DVB-T2 + DVB-C
Напредни функции
DOLBY Stereo 2*10W 6ohm Box, Youtube/Google Play store/Google Assistant
Димензии
123,1 × 76,7 × 26,4 cm (со носач)
Тежина
12,74 kg (со носач)

Нема рецензии во овој момент.

други производи

5 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.