Дали витаминот Д може да ја спречи или ублажи болеста COVID-19?

Дали витаминот Д може да ја спречи или ублажи болеста COVID-19?

Постојат многу мислења за тоа како да се лечи COVID-19 - од употреба на хидрохлорид, преку лекот ивермектин, до витамин Д.

Сите опции се истражуваат по вообичаениот научен процес, но експертите предупредуваат дека предвремените заклучоци можат да создадат конфузија и да доведат до ширење на теории на заговор, пишува BBC.

Сепак, постојат докази дека витаминот Д може да биде корисен во превенција од коронавирусот.

Овој витамин е важен дел од човечкиот имунолошки систем, затоа оваа зима имаше препораки во Обединетото Кралство сите да го земаат како додаток во исхраната за време на постудениот период, додека на оние со поголем ризик од заболување им се препорачува да го земаат витаминот Д  во текот на целата година.

И во научната заедница, и во јавноста многу се зборуваше за лековитите својства на витаминот Д и колкаво е неговото дејство.

Бројни студии покажаа дека витаминот Д може да има позитивни ефекти во спречување на вирусот, но и кај веќе заболени пациенти. Како и за многу други суплементи, нови истражувања секогаш се добредојдени.  Првите студии навистина покажуваат дека одредени групи на луѓе кои имале недостаток на витамин Д во организмот биле поподложни на вирусот, особено постарите и луѓето со прекумерна дебелина. Можно е, пишува BBC, тоа да е причината зошто овие групи се повеќе изложени на ризик од коронавирус, но подложноста на заразување зависи и од низа други здравствени и еколошки фактори.

Според истражувањето на Универзитетот во Барселона, земањето витамин Д за 80 проценти ја намалило стапката на хоспитализација во единиците за интензивна нега, а веројатноста за смртен исход била намалена за 60 проценти.

Сите коментари

Напиши коментар

Производот е додаен за споредба.