Xiaomi Dreame F9 Робот правосмукалка

Еден од најекономичните, light верзии на роботските правосмукалки се одликува со вграден сензор LDS (ласерски сензор за растојание) и капацитет на резервоарот за прашина од 0.60л. Резервоарот за вода има капацитет до 200мл.

Dreame F9 располага со батерија од 5200mAh. Доколку при работа останат 15% капацитет, роботот автоматски се враќа на базата за полнење сѐ додека не е повторно спремен да го продолжи чистењето од точката до која застанал со чистење.

Филтерот за вода целосно го контролира излезот на вода при миење на подот. Освен тоа, роботот е така дизајниран што на лесен начин ќе дополните вода и повторно ќе го приклучите џогерот.

Првото прашање кое секогаш си го поставуваме, зборувајќи за роботите, е тоа дали роботот има капацитет да го исчисти нашиот дом на ефикасен начин како што ние би сакале. Затоа тука е LDS сензорот со скенер од 166 степени кој ја набљудува површината во домот со цел да го избере најкраткиот пат за чистење.

Се советува да се користи дестилирана вода во соодветниот резервоар. Разни средства и детергенти може да предизвикаат оштетување на роботот.

000613

Технички податоци

Боја
Бела
Модел
Dreame F9
Функции
суво и водено чистење, управување преку апликација
Сензори
LDS, сензор за ниво, анти судир сензори, жироскоп, акцелерометар
Батерија
5200mAh, литиумска
Моќ
2500Pa
Гаранција
2 години

Нема рецензии во овој момент.

други производи

16 други производи во истата категорија:
Производот е додаен за споредба.