Топ категории
apollo
Најнови производи
Плакар ArtisanПлакар Artisan
Плакар Artisan
Плакари и гардеробери
5.999 ден.9.690 ден.Редовна цена-3.691 ден. исклученоЦена
Плакар ArtisanПлакар Artisan
Плакар Artisan
Плакари и гардеробери
3.999 ден.5.390 ден.Редовна цена-1.391 ден. исклученоЦена
Клуб маса ArtisanКлуб маса Artisan
Клуб маса Artisan
Клуб маси
3.690 ден.6.690 ден.Редовна цена-3.000 ден. исклученоЦена
Блог

shop.kajgana.com меѓу првите домашни онлајн продавници доби „Беџ за верификуван е-трговец”

shop.kajgana.com меѓу првите домашни онлајн продавници доби „Беџ за верификуван е-трговец”

shop.kajgana.com меѓу првите домашни онлајн продавници доби „Беџ за верификуван е-трговец” од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Беџот овозможува јасна дистинкција на регистрираните онлајн продавници и оние што не се целосно усогласени или воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб-страниците на домашните е-продавници и ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги има имплементирано сите неопходни законски регулативи во работењето.

Во време кога е-трговијата зема сѐ поголем замав, а луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн, важно е купувачите да можат да ги разликуваат онлајн продавниците кои ги исполнуваат основните правила и прописи, од оние кои се или неусогласени согласно регулативата или пак се дел од сивата економија.

Потребно е купувачите да се свесни од каде купуваат или прават нарачки со цел да се заштитат и самите од било какви идни потешкотии (како враќање на производот доколку не се задоволни). Купувачите треба да знаат и дека кога купуваат од нерегистрирани субјекти (на пример преку социјални медиуми) немаат заштита согласно Законот за заштита на потрошувачи, нагласуваат од АЕТМ.

Беџот не ги опфаќа сите е-трговци во земјава и ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков беџ за верификација и кои ги поминале соодветните проверки од АЕТМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

shop.kajgana.com е домашна онлајн продавница која има цел на купувачите да им обезбеди најдобро искуство при купување во склад со нивните потреби, желби и очекувања. Врши селекција на производи и ги бира само најдобрите, по најповолни цени, за да заштедите со секое купување.

    Напиши коментар